Кошарка

Марио Хезоња на крајот на сезоната си заминува од Мадрид

Марио Хезоња на крајот на сезоната си заминува од Мадрид

Хрватскиот кошаркар Марио Хезоња на крајот од сезоната го напушта Реал Мадрид, пренесуваат шпанските медиуми.

Договорот на Хезоњa со актуелниот европски шампион истекува на крајот од сезоната, а Реал не е подготвен да одговори на финансиските барања на хрватскиот репрезентативец.

Неодамна Панатинаикос на Хезоња му понуди шест милиони евра за три сезони, па во овој момент најреално е кошаркарското крило да се пресели во Атина.

To top