Фудбал

Финансиска полиција ја испитува продажбата на Милан во 2022 година

Финансиска полиција ја испитува продажбата на Милан во 2022 година

Претставници на финансиска полиција на Италија, попладнево упаднаа во канцелариите на Милан, открива агенцијата АНСА.

Тие беа во приватните канцеларии на извршниот директор на клубот Џорџо Фурлани, но и во канцелариите на други челници на „росонерите“.

Фурлани е предмет на истрага од Обвинителството во врска со продажбата на Милан од страна на претходниот сопствник, „Елиот фонд“ на сегашниот „Редбрд“ во 2022 година.

To top