Познати

ПОЧИНА АКТЕРКАТА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: Балканот со тага ја прими веста, се мажеше четири пати и веруваше во љубовта до самата смрт (ФОТО)

Актерката почина во неделата навечер, имаше интензивен живот. Таа никогаш не престана да верува во љубов.

ПОЧИНА АКТЕРКАТА СО МАКЕДОНСКО ПОТЕКЛО: Балканот со тага ја прими веста, се мажеше четири пати и веруваше во љубовта до самата смрт (ФОТО)

Во неделата вечерта почина Костадинка Велковска, легендарна југословенска актерка, родена во Скопје, но животот го помина во Хрватска. Македонија постојано ја чуваше во душата, а тоа го покажуваше и преку нејзините изведби на македонски песни.

Tажната вест за смртта на глумицата ја потврди нејзиниот син Никола Подкрајац.

Актерката Костадинка Велковска се мажеше четири пати, но не престана да верува во љубовта.

– Кога луѓето се разделуваат, обично се вели дека некој е виновен. Никој не е виновен, едноставно не одело, но треба да останете пријатели – изјави своевремено Костадинка за хрватски 24сата.

Со проф. д-р Бранко Турковиќ беше 11 години, а шанса му даде и на музичкиот уредник Зоран Брајша.

– Немам желба повторно да се мажам, јас го направив своето. Мора да го прифатите животот таков каков што е. Немам маж или љубовник со години, но тоа не значи дека не верувам во љубов. Верувам затоа што таа е најголемиот двигател во животот – изјави Велковска за 24сата во 2019 година и додаде:

– Кога си млад, поинаку сакаш. Исполнета сум со љубов затоа што имам син кој го сакам и внуци, а ја сакам и работата, другарките и пријателите. Сето тоа е љубов. Треба да го сакате просторот во кој живеете и луѓето околу вас. Треба да се прифатат такви какви што се. Не треба да бидете негативни во животот, брзо ќе остарете – рече Костадинка.

To top