Еврејската заедница во Република Македонија (ЕЗРМ) и Фондот на холокаустот на Евреите од Македонија денеска одбележуваат 81 година од холокаустот на 7144 македонски Евреи, кои на 11 март 1943 година од Скопје, Битола и Штип се депортирани во логорот Треблинка.
Централната комеморативна активност ќе се одржи со оддавање почит пред Споменикот на 7144 депортирани Евреи од земјава во скопскиот Монопол. Како што е најавено, цвеќе ќе положат и ќе се обратат претседателот Стево Пендаровски, техничкиот премиер Талат Џафери, претседателот на ЕЗРМ Пепо Леви и амбасадорката на Израел во нашата држава Симона Франкел.