Фудбал

Еврогол на Дани Мота, кандидат за гол на сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Еврогол на Дани Мота, кандидат за гол на сезоната во Серија А (ВИДЕО)

Фудбалерите на Монца славеа со 2-3 на гостувањето кај Џенова во суперинтересен натпревар како дел од 28. рунда во италијанската Серија А.

Гостите стигнаа до брзо водство од 0-1 со погодокот на Песина уште во 8. минута од натпреварот. На 0-2 зголеми Дани Мота кој на прекрасен начин како во видеоигра со „ножички“ стрелаше за 0-2.

Домаќините намалија на 1-2 со погодокот на Гудмунсон во 52. минута, а во 68. веќе беше 2-2 откако прецизно стрелаше Витиња. Голема победа за гостите донесе синот на легендарниот Паоло Малдини, Даниел кој погодокот за 2-3 го постигна во 80. минута.

To top