Како што информираат од Министерството за одбрана, во Центарот за обука на вода во близина на Сидриштето „Билјанини извори“ ќе продолжат активностите за реконструкција на делот наменет за паркирање на воени и цивилни пловни објекти.
Дополнуваат дека во рамки на посетата која ќе започне во 11:30 часот, медиумите ќе имаат можност за изјава.