По реакција на нивни членови, од Синдикатот на Полиција во Македонија – СПМ, излегоа со јавна реакција.
-Недозволиво е тој што учествуваше и го создаде хаосот, сега да прави филмови дека „го решава“, се вели во рекацијата на СПМ.
Во продолжение реакцијата на Синдикатото на полицијата во целост:
Почитуван дополнителен заменик министер Митко Бојмацалиев,
Те читаме и следиме деновиве и гледаме дека се уште го тераш филмот од „задоволната полиција“ на твојот шеф Оли од кој за жал и до ден денешен не можеш да излезеш од неговата сенка. Ни правиш филм дека го решаваш проблемот со пасошите, со возачките, со личните карти.
Дури и отиде лично на граница да му однесеш сендвич на шоферот кој ги донесе пасошите, настан за кој ти се смееше целата јавност, да прикажеш дека божем „се гришиш“.
Но, вистината е дека НЕ МОЖЕ човекот кој заедно со Оливер го створи овој хаос, да глуми дека го решава овој хаос и да „глуми мајка Тереза“.
НЕДОЗВОЛИВО Е ‼️
Кога веќе праќаш внатрешна контрола, прати ја да дојде уште денес кај тебе и твоето раководство и да утврдат одговорност за хаосот што месеци наназад го создадовте околу пасошите и личните карти.
До тогаш, остави го Министерот Тошковски да си ја работи работата. Кога веќе не помагаш, барем престани да одмагаш и саботираш со правење на притисоци за целата постапка околу издавање на личните документи.
Недозволиво е граѓаните сеуште да ги манипулираш‼️
Тоа веќе НЕ МИНЕ❗