Во седиштето на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) денеска со жрепка се извлечени паровите за полуфиналето во националниот Куп.
Жрепката одлучи Шкупи во првиот натпревар да му биде домаќин на Тиквеш, а Воска на Македонија ЃП.
Првите натпревари се на програмата на 3. април, додека реваншите на 17. април од 15:00 часот.
Финалето од Купот на Македонија е закажано на 22. мај.