Фудбал чаби алонсо

Овен за најавената дестинација за Алонсо: Тоа е опасен потег

Чаби Алонсо одлично се снајде во својот прв тренерски предизвик во кариерата како предводник на Баер Леверкузен, тим со кој е на добар пат да освои најмалку една титула во актуелнава сезона и тоа во Бундеслигата со тоа што во исто време не треба да се заборави дека екипата има отворен пат за успех и во Купот на Германија (ќе игра полуфинале со Фортуна Дизелдорф), а активна е и во Лига Европа.

Сите овие резултати не останаа незабележани, па Алонсо е „мета“ на повеќе клубови кои остануваат без тренери по крајот на кампањата како великаните Ливерпул и Баерн Минхен. Многу се говори на оваа тема и каде Чаби може или ќе заврши, па Мајкл Овен од свој агол даде коментар со заклучок дека за Шпанецот многу подобра варијанта е преселба на „Алијанц Арена“.

– Ова е голема дилема за Чаби Алонсо. Реал Мадрид е уште една можност во иднината, но се чини дека освен ако не остане во Леверкузен, тогаш тоа е директна борба помеѓу Ливерпул и Баерн и можете да ги видите добрите и лошите страни. Тој не е долго менаџер, па мислам дека посигурна опција е Баерн Минхен.

– Иако тие нема да ја освојат лигата оваа година поради него во Леверкузен, тие скоро и да имаат гарантирана титула во лигата со тоа што Баерн освои единаесет пехари во низа пред оваа сезона. Веднаш тимот ќе се врати на освојување на лигата, тоа е практично дадено. Така за неговиот напредок, неговите акции ќе минат апсолутно преку покривот само ако го направи таа сигурна преселба во Баерн.

– Ливерпул е опасен потег. Ќе биде многу тешко да се следи Јирген Клоп. Тие во моментов не играат во стилот на игра на Чаби Алонсо, играат поинаков стил, па можеби нема да биде толку лесно да се трансформира. Или можеби е само одличен менаџер кој може да тренира на различни начини. Но, видовме со Сер Алекс Фергусон во Манчестер Јунајтед и Арсен Венгер во Арсенал и како тие клубови поминаа низ голема болка.

– Сега имаме постојан период на успех во Ливерпул под водство на Клоп и следниот менаџер не може да направи подобро од тоа, па можеби единствениот начин е пад? Тоа е опасен, ризичен потег и оној на Баерн Минхен е сигурна опција, со неговиот кредибилитет веројатно поминува низ покривот, а потоа тој може повторно да го има својот избор доколку му треба. Во моментов е навистина тешко и можам да видам добрите и лошите страни за двата клуба, – порача Овен.

To top