Познатата манекенка Хајди Клум (50) се појави на насловната страница на магазинот „Glamour“ за германскиот пазар.
Еден од најпознатите модели од деведесетите носеше бели бикини и крилја за фотосесиите.
Хајди Клум во ова модно издание ја истакна својата совршена фигура и секако бујното деколте.
View this post on Instagram
Освен во бикини, Хајди Клум позираше и во фустан на модната куќа „Валентино“, кој неодамна беше претставен на „Неделата на модата“ во Париз како дел од нивната нова колекција на женска облека.
Стилистите се одлучија за природната верзија на познатиот модел, па методот на шминкање беше прилично намален. Како што се гледа на фотографиите, минималната количина на шминка и природните црти на лицето беа во преден план.
View this post on Instagram