Ракомет

Ангеловски: Горд сум игравме со млад тим

Ангеловски: Горд сум игравме со млад тим

Бранко Ангеловски изјави дека е задоволен од прикажаното на неговиот тим и покрај поразот од Колстад во Лигата на шампионите.

Еурофамрм Пелистер со пораз го затвори настапот во Лигата на шампионите, битолскиот тим загуби со 27-24 од Колстад, но Ангеловски не е разочаран.

„Колстад одигра подобро од она што го гледавме на видео, ние не бевме подготвени бидејќи не можевме да сметаме на сите ракометари кои ги имаме. Но, горд сум на моите момци бидејќи денеска игравме со еден млад тим кој е полн со македонски играчи кои се иднината за нашиот ракомет. Ние доаѓаме од една мала земја каде ракометот е спорт број еден и се надевам дека секоја наредна година ќе бидеме се подобри“, рече тренерот Бранко Ангеловски

To top