Македонија Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри

Македонките меѓу најниските во Европа, мажите близу европскиот просек

Мажите во земјава, во просек се високи 176,4 сантиметри.

Македонките меѓу најниските во Европа, мажите близу европскиот просек

Жените во Северна Македонија се меѓу најниските во Европа, а мажите се близу до европскиот просек, покажува анализата на специјализираниот статистички сајт „Ландгеист“, базирана на податоци од NCD-RisC, мрежа на здравствени научници од целиот свет, која соработува со Светската здравствена организација.

Просечната висина на Македонките е 160,9 сантиметри, а пониски од нив се само жените на Кипар со 160,6 сантиметри. Меѓу пониските во Европа се и жените во Португалија 161,2 сантиметри.

Највисоки се Холанѓанките со просек од 170,4 и Црногорките со 170 сантиметри. Просечната висина жените во Србија е 168,3 сантиметри, во Грција 165,8, во Бугарија 164,6, а во Албанија 162,2 сантиметри.

Мажите во земјава, пак, во просек се високи 176,4 сантиметри. Највисоки се Холанѓаните 183,8, Црногорците 180,7 и Естонците 179,3, а најниски мажите во Кипар 172,7, во Албанија, 174,1 и во Бугарија 174,2 сантиметри.

Во Србија просечната висина на мажите е 180,7, а во Грција 179,3 сантиметри.

To top