По повод јубилејниот дваесетти роденден, фудбалската школа Куманово Еуроспорт од итојмениот град организираше силен меѓународен турнир, на кој играа дечиња родени 2013 година, а учествуваа осум клубови од Србија, Шпанија, Белгијам Словенија, Малта, Бугарија и БиХ
Освојувач на турнирот, кој што се играше на теренот на ФК Речица, беше белградска Црвена Звезда, која што во големото финале извојува победа над шпанска Депортиво Ла Коруња (3-1).
На третата позиција заврши домашниот тим на Куманово Еуроспорт, откако во малото финале славеше победа над Сарајево од Босна и Херцеговина.
Одлично организираниот турнир е само потврда за професионализмот кој што владее во редовите на Куманово Еуроспорт и потврда дека фудбалската школа предводена од Александар Маневски е на вистинскиот пат кога се работи афирмацијата на нашите млади фудбалери.
Во текот на тридневниот фудбалски хепенинг продефилираа голем број на млади фудбалски таленти кои ги покажаа своите фудбалски вештини пред многубројната публика која ги следеше сите натпревари.
На турнирот настапија Депортиво Ла Коруња од Шпанија, Црвена Звезда од Србија, Бершот од Белгија, Бриње од Словенија, Сараево од Босна и Херцеговина, КХС од Малта, ЦСКА Софија од Бугарија како и домашните фудбалерчиња на Еуроспорт.
За најдобар голман беше избран Сергеј Цветковски ФК Еуроспорт Куманово, најдобар стрелец беше Тиаго Лопез од Депортиво Ла Коруња, а најдобар играч на турнирот е Матија Живановиќ од Црвена Звезда.