Македонската женска кошаркарска сениорска репрезентација доживеа пораз од Португалија од 65:52 во првата средба од квалификациите за Европското првенство кое е на програмата во 2025 година.
Нашиот национален состав се бореше низ сите 40. минути во Матошинос, но Митрашиновиќ, Хемпе и Селцова немаа соодветна поддршка од колешките што беше и главната причина за овој пораз.
Имено оваа тројка постигна 48 од крајните 52 поени што јасно говори за придонесот на останатите репрезентативки. Во завршниот период домаќинките влегоа со позитива од само два поени (47:45), но токму во тие последни 10 минути ја искористија свежината, поголемиот ростер и на крајот остварија и двоцифрен триумф.
Следната средба ни е на домашен терен против Србија која ја разби Украина со 82:40.