Причина е однесувањето на тимскиот менаџер Кристијан Хорнер, кој беше обвинет за неетичко однесување кон женски член на тимот.
Внатрешната истрага на Ред Бул не најде доволно докази за Хорнер да добие отказ, но со таквиот развој на настаните не само што не се намали тензијата, туку истата енормно порасна.
Во целата дискусија се вклучи таткото на Макс, Јос Ферстапен, кој обелодени дека неговиот син би можел да си замине од Ред Бул ако Хорнер остане на чело на овој тим и во наредната година.
„Постои тензија за која сите се свесни. Ако Хорнер остане на функцијата, таа тензија само ќе расте и никој не знае како ќе заврши. Опасноста целиот тим да се распадне е голема, може да се случи буквално се. Макс? За него секогаш постои интерес, досега беше лојален на Ред Бул, но по ваквите случувања се се менува. Хорнер е големо разочарување, тој глуми жртва а всушност е човекот кој ги создава сите проблеми во екипата“, изјави Јос Ферстапен.