Македонија соопштение

ВМРО-ДПМНЕ: Македонија има потреба од лидерство за промени, Гордана Силјановска Давкова ќе биде претседател кој ќе ги промовира македонските национални интереси

Претседателот на државата има должност и обврска да служи на граѓаните на државата, да ги штити нивните интереси и да има лидерство кое ќе значи непотклекнување на туѓи лични агенди, таков претседател ќе биде професорката Гордана Силјаноска Давкова, се вели во соопштението на опозициската ВМРО-ДПМНЕ.

Македонија заслужува претседател на народот, а не протеже на клики и елити кои за сметка на колективниот интерес, водат лични агенди. Македонија има потреба од Претседател кој ќе знае дека му припаѓа на народот и одговара единствено пред него, го штити Уставот. Претседателот треба да промовира законитост и бескрупулозна борба против криминалот и девијациите во општеството. Македонија има потреба од претседател како Гордана Силјановска Давкова, која ќе гради мостови и сојузи, дипломатијата ќе ја гради на стратегија и ќе се грижи за промоција на македонските национални интереси. Македонија има потреба од лидерство, од визија, од стабилност, од решителност. Македонија има потреба од промени, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Најнови вести од Македонија

To top