Македонија

Спасена Австријка која тешко се повредила на скијање на Шапка

Спасена Австријка која тешко се повредила на скијање на Шапка

Австријка која се повредила скијајќи на Попова Шпка е извлечена со хеликоптер на МВР информираше Центарот за управување со кризи.

– На Единствениот повикувачки број за итни повици 112 во ЦУК во 14:20 часот волонтер од Охридска спасителна служба, којшто е и водич на туристичка група – скијачи од странство, пријави дека туристка од Австрија при пад во слободно скијање кај месноста „Орлов камен“ на Попова Шапка се здобила со повреда на ребрата. Заради сериозноста на повредата, а и други здравствени специфичности, не била во можност да се движи. Побаран бил хеликоптер за спасување за транспорт до болница, при што директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, беше во директна комуникација со спасителите, соопштија од ЦУК.

При комуникацијата на спасителите со повредената, информирала дека претходно имала операција на рбетниот столб и на него имала вградена метална шипка со штрафови. На местото на настанот има пристигнато ратрак и луѓе за поддршка, но состојбата на повредената и комуникацијата со нејзе, индицирала дека транспортот со ратрак заради проблемот со ’рбетот од минатото, како и сегашната дополнителна повреда, би довел до поголеми компликации. Заради специфичноста на итниот случај за повредената бил побаран транспорт со хеликоптер од местото на настанот до болница во Скопје.

Хеликоптерската единица на МВР одговорила веднаш на барањето за интервенција ја донеле жената во Скопје. Од почетокот на спасителната акција и е пружена прва помош, адекватно била покриена со фолија за да и се зачува топлината и дека се наоѓала во добра општа здравствена состојба, соопшти ЦУК.

Поврзани теми

Најнови вести од Македонија

To top