Свет технологија

Робот убил работник, го помешал со гајба за зеленчук

Индустриски робот во јужнокорејска фабрика предизвикал смрт на вработен откако го помешал со кутија за зеленчук, јави државната новинска агенција Јонхап.

Робот убил работник, го помешал со гајба за зеленчук

Инцидентот за кој беше известено денеска, се случил во вторникот во фабрика во провинцијата Гјеонгсангнам-до, кога 40-годишен вработен во компанијата што ги сервисира роботските машини ги проверувал сензорите на еден од нив, чија задача била да става корпи со зеленчук на лентата за склопување.

Од сè уште нејасни причини, роботската рака го помешала човекот со корпа, го зграпчила и го притиснала неговото тело на лентата. На вработениот му биле притиснати лицето и градите.

Повредениот бил пренесен во болница, но лекарите не успеале да го спасат.

„Роботот очигледно направил функционална грешка и ја помешал својата жртва за една од касетите со пиперки со која управувала“, соопшти јужнокорејската полиција.

Покрената е истрага. Фабриката го користи овој робот во процесот околу пет години. Машината била многу корисна поради недостигот на работна сила.

Најнови вести од Свет

To top