Вкупно 120 камиони со хуманитарна помош денеска пристигна во Појасот Газа преку контролниот пункт Рафах, соопштија египетските гранични власти.
Во спротивна насока, од Појасот Газа кон Египет, пропуштени се 43 ранети Палестинци и нивните придружници. Опколената енклава ја напуштија и 57 лица со странско државјанство, кои ќе патуваат во своите земји.
Авионите продолжуваат да пристигнуваат на аеродромот Ел Ариш, на околу 50 километри од Рафа, кој Каиро го одреди како центар за прием на помош за Појасот Газа од целиот свет. Според последните информации нивниот вкупен број заклучно со 12 октомври досега пристигнале 662 авиони.
Претходно, три авиони на јорданските воздухопловни сили денеска спуштија прехранбени производи во северниот дел на Газа. Според телевизијата Ал Мамлака, се очекува пакетите со храна да им помогнат на 6.000 луѓе.
Јордан спроведува хуманитарни операции од воздух во Појасот Газа од почетокот на војната.
Неделава Египет, заедно со Катар, Обединетите Арапски Емирати и Франција, ја изведоа својата прва воздушна операција над Газа.