Македонија

МНР со осуда за нападот во Газа, повикува на заштита на цивилите

МНР со осуда за нападот во Газа, повикува на заштита на цивилите

Министерството за надворешни работи (МНР) најостро го осуди нападот во Газа, во кој загинаа голем број луѓе додека чекаа околу камионите за хуманитарна храна.

– Ваквиот чин претставува сериозно кршење на меѓународното право. Повикуваме за заштита на цивилите и непречена испорака на хуманитарната помош. Почитување на меѓународното и хуманитарно право е приоритет, а цивилите мора да бидат целосно заштитени по секоја цена, стои во соопштението од МНР.

Најнови вести од Македонија

To top