Уште осум тела пристигнале во болницата Ал-Шифа, со што бројот на загинати во денешниот напад на израелската армија врз Палестинците кои чекале хуманитарна помош се искачи на 112, соопшти палестинското Министерство за здравство.
Во нападот што се случи јужно од градот Газа повредени се 760 луѓе.
Во соопштението се наведува дека сè уште се извлекуваат жртвите од местото на нападот.