Кошарка нба

Дончиќ и Далас шокирани со кош од 18 метри (ВИДЕО)

Лука Дончиќ одигра уште една одлична партија за Далас. Постигна 45 поени, имаше девет скока и 13 асистенции, но неговата екипа е поразена на гостувањето кај Кливленд. Во луда завршница на натпреварот, кошот на одлука го постигна Макс Струс од 18 метри оддалеченост, и така заврши 121-119.

Далас во неверојтна завршница поведе, откако на асистенција на Дончиќ, Пи-Џеј Вашингтон заби за 119-118. На семафорот останаа 2,6 секунди, а топката ја зеде Струс и го постигна невозможното. Тоа беше кош на вечерта во НБА.

Тројката со звукот на сирената длабоко од своето поле беше само продолжение на неверојатната шутерска серија на играчи кои немаат статус ѕвезси во лигата. Во последните четири минути, пет пати се обиде, и пет пати погоди со шут за три поени.

Кошаркарите на Мајами дојдоа до петтата победа по ред, откако го совладаа Портланд на гостински терен со 109-96. Џими Батлер ги предводеше „Хит“ со 22 поени и девет асистенции.

РЕЗУЛТАТИ:

Кливленд – Далас 121:119
Орландо – Бруклин 108:81
Вашингтон – Голден Стејт 112:123
Атланта – Јута 124:97
Бостон – Филаделфија 117:99
Њујорк – Њу Орлеанс 92:115
Чикаго – Детроит 95:105
Милвоки – Шарлот 123:85
Минесота – Сан Антонио 114:105
Оклахома – Хјустон 112:95
Портланд – Мајами 96:106

Поврзани теми

To top