Пејачката и учесничка во реално шоу, Сашка Каран, денеска беше видена пред Првиот основен суд во Белград во придружба на нејзиниот сопруг Александар Газивода.
Нејзиниот сопруг за медиумите откри дека се работи за тужба на водителката Јована Јеремиќ.
-Сашка замина за Вуковар. Бевме на судење затоа што некој ја извади изјавата на Сашка од контекст и ја објави на Тик Ток. Затоа Јована тужеше. Сашка нема ништо против неа, тоа можам да кажам. Се ќе се реши, изјави Александар Газивода, сопругот на Сашка.
Инаку, Јована своевремено искоментира што пејачката кажала за неа.
-За некој да ми го наруши угледот, мора прво да го има, рече кратко и јасно Јована, нагласувајќи дека ваквите изјави воопшто не ја потресуваат, бидејќи важно е кој кажува, а не што кажува.