Неидентификувана болест на мозокот му е дијагностицирана на шведскиот фудбалски репрезентативец Криастофер Олсон (28) и тој е хоспитализиран и приклучен на апарати за одржување во живот, објави денеска неговиот клуб Митјиланд.
„Кристофер Олсон очигледно боледува од акутна болест која не е последица на самоповредување или надворешен фактор“, се наведува во соопштението на Митјиланд, кое данскиот прволигаш го лиферуваше за да стави крај на „гласините“ кои ги поттикна отсуството на Олсон од тимот.
„Шведскиот репрезентативец загуби свест во својот дом на 20 февруари и беше префрлен на Универзитетската болница во Архус каде е хоспитализиран и приклучен на респиратор“, прецизираше данскиот клуб.
Олсон кариерата ја почна во лондонски Арсенал, а потоа настапуваше и за АИк Стокхолм, Краснодар и Андерлехт.