Живот и Стил Не е сеедно која нијанса ќе ја изберете

Што кажува бојата на лакот за вас: Дали сте доминантни или некој на кој не му е грижа што мислат другите?

Жените секогаш се трудат да бидат во тренд и да ја изберат бојата што е актуелна или онаа која најмногу им се допаѓа.

Што кажува бојата на лакот за вас: Дали сте доминантни или некој на кој не му е грижа што мислат другите?

Жената сака да биде негувана и убава, па затоа вложува многу во својот изглед. Шминката, фризурата и маникирот се нешто што секогаш мора да си го најде своето место во распоредот на една жена.

Жените секогаш се трудат да бидат во тренд и да ја изберат бојата што е актуелна или онаа која најмногу им се допаѓа.

Дали знаевте дека бојата на ноктите може да открие многу за вас?

Црн лак

Иако многумина ќе речат дека луѓето со црн лак одат со главите „загледани“ во подот, оваа боја може да значи и дека личноста е креативна и останува будна до доцна во ноќта за да разменува коментари на социјалните мрежи за одредена тема.

Розов лак

Девојка која носи розов лак може да укаже на девојка со силен карактер која покажува дека нема поголеми проблеми во животот.

Лак во боја на кожа

Ако се одлучите за оваа боја на нокти, тоа значи дека се држите до манирите и елеганцијата.

Бел лак

Личност со оваа боја на ноктите може да укаже на личност која ќе ве зјапа во кафуле, како и некој што работи волонтерска работа.

Лак во боја на лимета

Ако ја носите оваа нежна зелена боја, може да открие дека сте млад дух, како и дека сакате да се дружите со постарите.

Црвен лак

Познато е дека оваа боја претставува страст, а исто е и кога ќе се најде на ноктите. Тоа може да значи личност која е доминантна, која знае што сака и се бори за тоа со сите сили.

Лак со светки

Доколку носите ваков лак, тоа не значи дека сте „дете“, туку дека сте „претрупани“ со вашиот стил и дека не ви е гајле што мислат другите за вас.

Која бојае вашиот избор?

To top