Леброн Џејмс цели да добие нов, долгогодишен богат договор, откриваат американските медиуми.
Џејмс има опција да го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс на уште една година за нешто повеќе од 51 милион долари, но тоа не е неговиот план.
Тој ќе започне преговори за нова соработка со која цели да добие над 100 милиони долари за следните две или три сезони.
Останува непознат ставот на ЛА Лејкерс дали сака да го задржи Леброн Џејмс во своите редовите и му плаќа на кошаркарот до 42 годишна возраст.