Кошарка

Хап: Се е полесно кога го имаш Нено за соиграч

Хап: Се е полесно кога го имаш Нено за соиграч

И на овој меч со Полска одличен во националниот дрес беше натурализираниот Американец, Итан Хап кој реализираше 19 поени со 7 скока, 5 асистенции, 5 украдени топки и 1 блокада, односно заедно со фантастичниот Ненад Димитријевиќ (32 поени, 8 скока, 8 асистенции и 1 украдена топка) беа клучни за ова важно славје кое ќе ни донесе самодоверба, енергија за продолжението од циклусот.

-Селекторот одлично нè подготви за натпреварот, особено кога противникот ја менуваше одбраната. Кога имаш плејмејкер како Нено, само треба да му ја дадеш топката и да играш, импресивно беше да се гледа како игра. Како што рече селекторот, секој што се појави на паркетот има удел во оваа победа- истакна Хап.

 

To top