И наместо како виновни за овој проблем СДС и ДУИ да земат и да им излезат во пресрет на граѓаните, тие од целата ситуација дополнително прават театар.
Па така, откако од нив видовме како играат чочеци во тунел кој друг го изградил, а потоа видовме и свечен пречек на пакет вакцини со цел владин врв, сега гледаме пречек на обрасци за пасоши. Без срам и перде СДС и ДУИ го испратија Бојмацалиев да прави помпа од пречек на обрасци кои требаше да ги има месеци порано и се далеку од потребната бројка.
Фактите се дека, проблемот го создадоа СДС и ДУИ. Токму и тие беа оние кои на граѓаните им издаваа патни исправи чија важност знаеја дека ќе истече пред времето на кое се издадени и ставаа во заблуда граѓаните.
Понатаму токму власта на СДС и ДУИ ги лажеше граѓаните дека навремено ќе може да извадат документи иако знаеја дека тоа е невозможно и за истото беа предупредувани од ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година, а да не заборавиме ги лажеа и дека нема да подлежат на дополнителни трошоци.
Воедно, власта на СДС и ДУИ и тогашниот министер Спасовски чиј шеф на кабинет беше Бојмацалиев, намерно создале дополнителен хаос со тоа што набавка од 400.000 пасоши неколкукратно ја намалиле на десетици илјади на само два месеци пред пасошите да престанат да важат според датумот кој тие го определија.
На граѓаните заради неодговорната власт на СДС и ДУИ им е ускратено човеково право на слобода на движење, а СДС и ДУИ имаат шанса конечно во 7 години да соберат доблест и да им помогнат на сопствените граѓани.
Се што треба е да гласат за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.
Никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме, стои во соопштението на партијата.