Свет Мелони и Зеленски ќе го отворат виртуелниот состанок на Г7

Зеленски на втората годишнина од руската инвазија на Украина: Ќе победиме

„Затоа се бориме во последните 730 дена од нашиот живот. И ќе победиме на најдобриот ден од нашите животи“, рече тој во видео изјава од воениот аеродром Гостомел во близина на Киев, каде што се одвиваше една од клучните битки со Русите во првите денови од инвазијата.

Зеленски на втората годишнина од руската инвазија на Украина: Ќе победиме

Претседателот на Украина Володимир Зеленски денеска, на втората годишнина од почетокот на руската инвазија на неговата земја, изјави: „Ќе победиме“!

„Затоа се бориме во последните 730 дена од нашиот живот. И ќе победиме на најдобриот ден од нашите животи“, рече тој во видео изјава од воениот аеродром Гостомел во близина на Киев, каде што се одвиваше една од клучните битки со Русите во првите денови од инвазијата.

Украинскиот претседател беше придружуван од странски лидери кои пристигнаа во Киев по повод годишнината, меѓу кои и претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, премиерите на Италија и Канада, Џорџа Мелони и Џастин Трудо.

„Ние сметаме дека Украина се бори и за нашата слобода и за нашиот национален интерес“, изјави Мелони.

Таа денеска со Зеленски треба да потпише билатерален договор за безбедност.

Во јануари, Киев потпиша таков договор со Лондон, а подоцна и со Германија и Франција.

Тие договори се однесуваат на обезбедување воена опрема компатибилна со воената опрема на НАТО, обука на украинските сили и зајакнување на одбранбената индустрија на Украина.

Мелони и Зеленски ќе го отворат виртуелниот состанок на Г7 за Украина во 17 часот во катедралата „Света Софија“ во центарот на Киев. Г7 ги вклучува САД, Јапонија, Германија, Франција, Велика Британија, Италија и Канада, а Италија претседава оваа година.

Најнови вести од Свет

To top