На Лионел Меси и Интер Мајами и останатите членови ќе им се приклучи талентираниот Федерико Редондо.
Синот на поранешната ѕвезда на Реал Мадрид и Милан, Фернандо Редондо, доаѓа од составот на Аргентинос и за него МЛС екипата ќе плати околу 8 милиони долари.
Федерико досега настапуваше за младинските категории на аргентинската репрезентација, а доаѓа како замена за сонародникот Факундо Фаријас кој заработи посериозна повреда и ќе ја пропушти цела сезона.
Редондо џуниор веќе има солидно искуство во сениорска конкуренција, бидејќи забележа 58 настапи за тимот на Аргентинос, а ќе им се приклучи и на сонародниците Меси и тренерот Тата Мартино.