Турскиот фудбалер Емирхан Делибаш (21) доби отказ во Бешикташ и тоа не поради фудбалски причини, туку до прекин на соработката дошло откако во клубот дознале дека фудбалерот имал профил на апликацијата за запознавање луѓе „Тиндер“.
„Ја прекинавме соработката со фудбалерот Емирха Делибаш. Ова беше заедничка одлука и му посакуваме многу успеси во иднина“, стои во соопштението на турскиот тим.
𝐎𝐅𝐅𝐈𝐂𝐈𝐀𝐋 | Beşiktaş have terminated the contract of Emirhan Delibaş (21) because he has a profile on a dating application. pic.twitter.com/ANHIPLjdEq
— EuroFoot (@eurofootcom) February 19, 2024
На социјалните мрежи потоа беше објавена и причината за отказот. Се појави фотографија од фудбалерот од апликацијата „Тиндер“, каде што лажел за возраста, напишал дека има 24 години, а минатиот месец го прослави 21-виот роденден.
Младиот фудбалер неколку часа пред да добие отказ се огласи на својот профил на „Инстаграм“ и порача дека некој му направил лажен профил на „Тиндер“.
„Сакам да се огласам поради шпекулациите кои се шират за мене. Тоа е лага, некој направил лажен профил. Лојалноста кон мојот тим не може да се доведе во прашање, го сакам Бешикташ и тоа е мојот најголем мотив“, напиша Делибаш, но потоа доби отказ.