Останати спортови

Лук Литлер потпиша милионски договор

Лук Литлер потпиша милионски договор

Еден од најголемите таленти во пикадо, Лук Литлер (17), потпиша соработка со компанијата „Target Darts“, која произведува пикадо-стрелки, а британските медиуми овој спонзорски договор го нарекуваат „најголем во историјата на пикадото“.

Имено, Литлер импресионираше на неодамнешното Светско првенство, освојувајќи го второто место, откако во финалето загуби од сонародникот Лук Хемфрис (28).

Како што пренесува британски „Сан“, неговиот договор со оваа компанија изнесува неколку милиони долари за пет до десет години, а воедно ќе заработи и процент од продадената опрема.

-Потпишувањето на долгорочен договор со „Target Darts“ е посебен момент за мене. Ме следат уште од 12 години и со нетрпение очекувам да ја продолжиме нашата соработка. Поддршката и вниманието што го имав ми помогна да напредувам. Изминатите неколку месеци беа бурни, но една од најдобрите работи е што многу луѓе почнаа да играат пикадо, истакна Литлер.

To top