На 21.02.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека на магистралниот пат Охрид – Кичево, во близина на с.Мешеишта-општина Дебарца, патничко возило „цитроен“ со охридски регистарски ознаки, управувано Н.К.(25) од с.Лешани, општина Дебарца, излетало надвор од коловозот, информира МВР.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општа болница Охрид.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Охрид.