Инвеститорите на меѓународните пазари го чекаат објавувањето на записникот од последниот состанок на американската централна банка за понатамошни насоки за монетарната политика.
Многу малку економисти очекуваат Fed да започне циклус на намалување на каматните стапки веќе во јуни, бидејќи најновите податоци укажуваат на тврдоглава инфлација во САД. Пазарите сега очекуваат дека Fed би можел да ги намали каматните стапки за 92 базични поени оваа година, што е далеку под 150 базични поени што инвеститорите ги вклучија во цените на средствата на почетокот на годината.
Оваа промена на очекувањата во однос на каматните стапки влијае и на девизните пазари, каде што курсот на доларот сè уште го има ветерот в грб. Поради тоа, курсот на јенот се лизна во средата, за 0,03 отсто во однос на доларот, на 150,05 јени за долар и со тоа во последните неколку дена се движи околу најниското ниво во последните три месеца во однос на американската валута.
Курсот на еврото, пак, во однос на доларот порасна за 0,4 отсто и со европската валута се тргува по 1,0813 долари.
Индексот на доларот, кој ги мери изведбата на доларот во однос на шесте најважни светски валути, порасна за 0,04 отсто, на 104,8 поени.