Македонија

КФЦ: Ја подигнуваме свеста на учениците за потребата од финансиска писменост

КФЦ: Ја подигнуваме свеста на учениците за потребата од финансиска писменост

Учениците од средното економско-правно училиште на Град Скопје „Васил Антевски – Дрен“ ќе ја изучуваат и подобруваат својата финансиска писменост преку практична настава, едукативни работилници и предавања за лични финансии.

Ова го предвидува Меморандумот за разбирање и соработка, кој го потпишаа директорката на училиштето, м-р Тања Јовановска и директорката на Друштвото за финансиско советување и едукација Капитал финансиски центар Скопје, Билјана Станковска Арсова.

По потпишување на Меморандумот, соработката претставува можност за заедничка едукација на младите во областа на финансиите, јакнење на деловните врски и обезбедување професионална размена на искуства.

„Да се работи со млади на темата финансиска писменост секогаш ни претставува задоволство. Нашата секојдневна работа е насочена токму во подигнување на свеста за важноста на финансиската писменост. Навистина е голема предност за учениците што имаат предмет Лични финансии од кој што ја добиваат теоретската основа, а ние ќе додадеме дополнителна вредност со нашата експертиза од реалниот секто“, изјави Станковска Арсова.

Директорката на училиштето Јовановска, при потпишување на меморандумот, нагласи дека со ова се овозможува континуирана едукација на учениците и поврзување на теоријата со практиката. „Ова е основа за зголемување на компетенциите на учениците“, вели Јовановска.

Најнови вести од Македонија

To top