Останати спортови

Ватерполист остана без ОИ, падна на допинг тест

Ватерполист остана без ОИ, падна на допинг тест

Црногорскиот ватерполист Алекса Укропина падна на допинг- тест, поради што долго време ќе биде надвор од базенот.

Ватерполистот беше тестиран на 21 јануари, непосредно пред заминувањето за Требиње, за да ги започне подготовките за Светското првенство, а според „Вијести“, паднал поради лек за инхалација.

Поради тоа, нема да биде со репрезентацијата на Олимписките игри во Париз годинава, бидејќи следува казна од најмалку шест месеци за ваков прекршок.

 

To top