Познати Сака месо, но не го јаде

Јелена Ѓоковиќ: Веган станав од мака, немав пари за да јадам

Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

Јелена Ѓоковиќ: Веган станав од мака, немав пари за да јадам

Јелена Ѓоковиќ освен што е сопруга на најдобриот тенисер, е и синоним за здрав живот, а како деклариран веган со години следи строга диета без месо, млеко и шеќер.

Сепак, многумина не знаат дека таа се префрлила на овој тип на диета затоа што морала, а не толку затоа што сакала, а токму за тоа зборувала во една прилика. Како што рече, се започнало во студентските денови.

-Почнав да размислувам како да преживеам три години, бидејќи немав пари да јадам во не знам какви ресторани, а не ни живеев во дом со кујна. Така што веганството почна од мака, изјави Јелена.

Таа тогаш изјави дека прашање е дали ќе остане веган до крајот на животот, но дека засега најважно и е да се чувствува добро.

-Бев голем јадач на месо и сè уште го сакам многу, но не го јадам. Се чувствувам добро и тоа ми беше целта, да најдам начин да го живеам овој живот со енергија и здравје, рече таа и додаде дека важен е и начинот на подготовка на храната.

-Мојата исхрана е 70 отсто сирова храна, а 30 отсто варена. Најчесто јадам супа, тестенини без глутен, киноа, ориз… Деновиве е тешко да се најде вистинска храна подготвена на здрав начин. Затоа ми е важно добро да ги организирам оброците и имам среќа што имам партнер кој, како мене, е посветен да остане здрав и силен. Нашите диети се само малку поинакви, заклучи Јелена Ѓоковиќ.

To top