Кошарка

ФИБА не дозволи кошаркар на Партизан да игра за Србија

ФИБА не дозволи кошаркар на Партизан да игра за Србија

На списокот на искусниот селектор Светислав Пешиќ се најдоа четири имиња од Партизан, а требале да бидат пет, открива и самиот селектор.

Покрај Алекса Аврамовиќ, Валша Копривица, Огњен Јарамаз и Урош Трифуновиќ желба на стратегот било да се најде и Тристан Вукчевиќ, но истото не го дозволила ФИБА.

Причината за тоа е што Вукчевиќ e роден во Грција каде настапувал неговиот татко, а за оттаму да може да премине во Реал Мадрид пред да наполи 18 години се согласил дека ќе настапува за грчката репрезентација до 21 година.

Според тоа Пешиќ нема да може да смета на кошаркарот на Партизан се до 11. март оваа година кога тој полни 21 година.

To top