Сопругата на рускиот опозициски лидер Алексеј Навални, Јулија Навални денеска во Брисел ќе се сретне со министрите за надворешни работи на ЕУ, три дена по неговата смрт во руски затвор.
Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност Жозеп Борел на мрежата Икс вчера објави дека министрите на ЕУ ќе испратат силна порака за поддршка на руските борци за слобода и ќе му оддадат чест на Навални.
Според Јулија Навални рускиот претседател Владимир Путин „лично одговорен“ за смртта на нејзиниот сопруг и ја повика меѓународната заедница да се обедини и да го порази „застрашувачкиот режим“.
Руската полиција за време на викендот уапси стотици луѓе во десетици градови поради што положија цвеќе и палеа свеќи во спомен на Навални.
Само во Санкт Петербург, судиите викендов осудија 154 лица на затворски казни до 14 дена поради кршење на строгите закони за демонстрации.
Алексеј Навални почина на 16 февруари во арктичка казнена колонија.
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ги обвини западните лидери дека имаат „апсолутно неприфатливи“ и „хистерични“ реакции по смртта на Навални.