На 18.02.2024 во 16.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на автопатот Скопје-Велес, патничко моторно возило „опел мерива“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(70) од Скопје, излетало од коловозот.
-Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила сопатничката В.К.(61) од Скопје, констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“, информира МВР.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.