Македонецот Дарио Ивановски денеска во Севилја постави нов македонски рекорд за цели 3 и пол минути.
Со ова, Дарио се доближи на само 15 секунди од Олимписката норма од 2:08.10, и ќе се искачи високо на светската ранкинг листа.
Со овој резултатот, Ивановски си обезбеди норма за настап на Европското првенство (ЕП) во Рим, кое ќе се одржи во јуни 2024 година.
Инаку, досегашниот македонски рекорд од 2 часа 11 минути и 53 секунди Ивановски го постави лани на 3 декември 2023 во Валенсија, Шпанија.