Кошаркарите на Пелистер се пласираа во финалето на Купот „Благоја Георгиевски Буштур“ откако славеа во полуфиналната средба со Еуро Никел 78-68.
Пресметката во салата „Боро Чурлевски“ мина во знакот на домашниот тим кој диктираше темпо од самиот старт и беше подобар ривал на паркетот, па на крајот заслужено слави.
За пелистерци ова ќе биде само второ финале, а во него ќе се судри со најтрофејниот МЗТ Скопје Аеродром.
Најдобар поединец на средбата беше Јуре Планиниќ кој уфрли 27 поени, интересно дури 24 беа во првото полувреме. Одлична партија одигра и Андреј Маслинко со 22, додека кај Еуро Никел се истакна МекЕвен со 21 поен.