Македонија

Комисија за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ: Пензионерот Пенов ќе биде пензиониран после избори и ќе има одговорност

СДС и нивните сателити секој ден го пробиваат дното со нивниот криминал, корупција, а во последно време и тотална забеганост и недостаток на допир со реалноста, велат од КОмисијата за локална самоуправа на ВМРО-ДПМНЕ.

Последниот пример за оваа појава јавнота го виде на гостувањето на Ристо Пенов, еден од најлошите градоначалници во историјата на Скопје и актуелен министер за локална самоуправа.

Во интервјуто Пенов се „пофали“ со неговите успеси како министер и ги наведе „големите проекти“ кој тој ги реализирал, а како еден од најголемите е изречените 222 евидентирани прекршоци за непочитување на Преспанскиот договор.

Понатаму Пенов во интервјуто апелира да се престане со користење на симболот на сонцето од Кутлеш, тврдејќи дека тој првпат го видол пред 30 години и дека не е македонски симбол, бараше да се престане со скандирање „Никогаш Северна“…

Почитувани,

Овие изјави и ставови на Пенов се само уште еден доказ за забеганоста на СДС и нивните сателити, како и за целосниот недостаток за допир со реалноста.

За нив секогаш се криви сите, само тие не!

Криви се граѓаните, криви се опозицијата, крива им е историјата… само тие за ништо не се криви.

Господине Пенов,

Сонцето од Кутлеш е симбол на македонскиот народ стар многу векови, кој е длабоко поврзан со македонскиот народ и историја (која вие или не ја знаете, или не ја почитувате), тоа е и симболот од првото знаме на Република Македонија, кои политичарите на СДС го сменија и направија куп отстапки (промена на име на држава, устав…) без консултација и дозвола од народот.

Ви пречи скандирањето „Никогаш Северна“, а дали сте се замислиле како се чувствуваат граѓаните за последните понижувања кои произлегоа од Преспанскиот договор, каде граѓаните рекоа гласно НЕ на референдум, но вие сепак на криминален и шверцерски начин го протуркавте во Собранието.

Дали сте ги прашале граѓаните како сега се чувствуваат кога изминативе месеци со часови чекаат за да сменат лични документи од страв од казни и реперкусии, за нешто што тие се против, а вие како власт сте неспособни да го спроведете.
Ветуваме, одговорност ќе има!

На 24 април и 8 мај граѓаните на Македонија ќе Ви испратат јасна порака дека е крај за СДС и нивните сателити, крај на криминалот, корупцијата и истрошените транзициски политичари.

To top