Поранешниот европски шампион во биатлон, бугарскиот олимпиец Красимир Анев (36), е во кома откако бил пронајден во својот стан, со прострелна рана во стомакот и пиштол покрај телото.
Бугарските медиуми пишуваат дека се случило ова пред неколку дена. Анев е пронајден во месноста Дренов Дол, кај Ќустендил, во југозападниот дел од земјата. Засега не се познати околностите, но Анев сè уште е во животна опасност.
Во својата кариера, тој учествуваше на 11 светски првенства и на три олимпијади и се смета за еден од најуспешните биатлонци во историјата на Бугарија.