Рајо Ваљекано назначи нов тренер по оставката на Франциско Хавиер Родригез. Нов предводник на шпанската екипа чиј член е репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски, ќе биде 36-годишниот Иниго Перез, кој нема искуство како главен тренер.
По завршувањето на играчката кариера во јули 2022 година, тој работеше во Рајо како ассистент тренер. Перез играше на позицијата централен играч за врска и го носеше дресот на Осасуна, Нумансија, Атлетик и на други шпански клубови.
Рајо Ваљекано забележа само една победа на последните 14 натпревари во Ла лига и се наоѓа на 14. место. Следниот натпревар го игра на 18 февруари, против Реал Мадрид на домашен терен.