Светското првенство 2025 според првичните најави пред пет години, кога Данска, Норвешка и Хрватска ја добија организацијата, требаше да се игра во 11 градови низ трите држави.
Сепак на крајот, и поради финансиски и поради организациски причини, во комбинација останаа само пет града – Хернинг во Данска, Осло во Норвешка, како и Загреб, Вараждин и Пореч.
Отпаднаа Драмен, Ставангер и Трондхајм во Норвешка, како и Копенхаген во Данска. Од хрватските градови во комбинација беа Сплит и Дубровник.
Досега на Мундијалот во 2025 година место имаат обезбедено 19 селекции, 11 места ќе бидат поделени во европскиот бараж, ќе биде доделена уште една вајлд-карта, а место ќе има и за шампионот на Северна Америка и Кариби.
Македонија ќе се соочи со Фарски Острови во битката за пласман на СП 2025 година.