СВР Битола поднесе кривична пријава против Н.Ќ.(22) од Прилеп, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „полово вознемирување“.
Во периодот од 2020 година до 04.09.2023, пријавениот во неколку наврати преку социјални мрежи пишувал недолични коментари и пораки кон негова познаничка.