Туристот сакал да направи селфи со еленот, што се покажало како лоша идеја.
Џанкарло Триака со својата сопруга отишол на одмор во Грција, каде доживеал необична средба. 42-годишниот Мексиканец и неговата сопруга уживале во природата, опкружени со пауни и диви животни, а во еден момент од зад грб му пришол еден љубопитен елен.
Туристот сакал да направи селфи со еленот, што се покажало како лоша идеја. Еленот со голема брзина се забил во него и го удрил со роговите, пишува „NY Post“.
„Бев во голем шок кога се случи тоа. Многу ме болеше следните неколку дена“, се потсетува човекот, кој тврди дека по ударот му биле скршени неколку ребра.
„Закрепнав со многу лекови и мраз“, рекол тој, додавајќи дека е благодарен што повредите не биле полоши и што не завршил во болница.