Ракомет

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ПСЖ

Еурофарм Пелистер ги пушти во продажба билетите за дуелот со ПСЖ

Битолскиот тим веќе денес ги пушти во продажба билетите за натпреварот со францускиот тим и за краток период се очекува да биде распродадена салата „Боро Чурлевски“.

Поединечните билети се по цена од 450 денари (странични места на трибините) и 550 денари (централни места на трибините.

Од Еурофарм Пелистер истакнаа дека сопствениците на сезонските билети имаат обезбедено место на трибините.

Натпреварот меѓу Еурофарм Пелистер и ПСЖ ќе се одигра на 14 февруари, со почеток од 18:45 часот

To top