Фудбал

Ворнок: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал во кариерата

Ворнок: Миовски е најдобриот напаѓач кој сум го тренирал во кариерата

Македонскиот фудбалски репрезентативец Бојан Миовски постигна два гола во победата на Абердин против Бонириг Роус во шкотскиот Куп, а така ја продолжи голгетерската форма откако претходно стрелаше и против гигантите Селтик и Ренџерс.

Новиот тренер на Абердин, Нил Ворнок е изненаден од македонскиот фудбалер и кажа дека Миовски најверојатно е најдобриот напаѓач кој го тренирал во кариерата.

„Верувале или не, му кажав да даде неколку гола и да излезе на полувреме. Си намигнавме кога ги постигна погодоците и решивме дека е доволно. Миовски е врвен напаѓач и тоа го докажа. Во карирата имав многу проблеми со напаѓачите. Иронично е тоа што во оваа фаза од мојата кариера го добив најдобриот напаѓач кој сум го тренирал“, кажа Ворнок.

Миовски одигра 36 натпревари за Абердин, при што постигна 22 гола и четири асистенции за шкотскиот тим.

To top